Расте бројот на невработени во јануари во Словенија

17

Во Словенија на крајот на јануари имало вкупно 91.499 невработени, што е за 4,8% повеќе одошто во декември и 14,6% повеќе во однос на јануари во 2020 година.

Месечниот пораст на бројот на невработени е резултат на истекот на договори за работа на одредено време, но и намалување на вработеноста, покажуваат официјалните податоци.

Бројот на новорегистрирани лица без работа е 10.510, што е скоро 36% повеќе во однос на декември.

Во споредба со јануари 2020 година, вкупниот број на новорегистрирани невработените е намален за 6,9%. Меѓу нив имало 487 кои за првпат се пријавиле да бараат работа, на 6.651 лице му истекло договорот на одредено време, 120 лица останале без работа поради стечај, а 1.979 се прогласени за технолошки вишок.

Од евиденцијата на невработени се избришани 6.294 лица, од кои работа нашле 4.611, што е пораст од 58,3% во однос на декември и пад од 1,9% во однос на јануари минатата година.

Фото: Freepik