Според објавените статистички податоци бројот на работници во индустријата бележи пораст. Па така во јуни 2013 во однос на јуни 2012 бројот на работници во индустријата бележи раст од 0,5%, а во првите шест месеци од годинава во споредба со шесте месеци од минатата година има пораст од 0,6%.
Гледано по сектори бројот на работници во секторот Рударство и вадење камен во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, бележи пораст од 8,4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 0,3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 2,1%.
Во однос на главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, бележи пораст кај Енергија за 7,9%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,9% и Капитални производи за 6%.