Расте цената на нафтата Brent стигна до 42 долари по барел

148

Цените на нафтата денес се зајакнаа за повеќе од 1,0 %, продолжувајќи го растот забележан во претходната трговска сесија.

Производителите и сојузниците на Организацијата на земјите извознички на нафта (OПЕК) ветија дека ќе ги исполнат обврските за намалување на испораките.

Цената на фјучерсите на северноморската нафта Brent се зголеми за 61 центи или 1,5% на 42,12 долари за барел утрово во 6:39 часот по полноќ, на највисоко ниво во последните повеќе од една недела, пренесува Reuters.

Фјучерсите на суровата американска нафта WTI пораснаа за 60 центи, или 1,5%, на 39,44 долари за барел. Двата вида црно злато во четвртокот забележаа пораст на цената од околу 2% во четвртокот и се на добар пат да регистрираат неделна добивка од скоро 9%.

Актерите на пазарот беа охрабрени од плановите на Ирак и Казахстан да го неутрализираат своето прекумерно мајско производство со намалување на испораките во наредниот период.

Тие ветувања беа дадени од двете земји на состанокот на комитетот надлежен за следење на усогласеноста со договорените квоти на членките на ОПЕК и нивните сојузници, неформалната алијанса наречена OПЕК +.

Покрај тоа, најавите од глобалните трговци со нафта, компаниите Vitol и Trafigura, за закрепнување на побарувачката за нафта во јуни, која ја пренесе Bloomberg, исто така го поддржаа расположението на пазарот.

Трговците од овој пат решија да ги игнорираат информациите за зголемувањето на американските резерви на нафта, кои достигнаа нов рекорд. Залихите на нафта во САД се зголемија за 1,2 милиони барели минатата недела, на 539,3 милиони барели, додека аналитичарите во анкетата на Reuters предвидоа пад од 152.000 барели.

Фото: Pixabay