Растенија што мора да ги имате во вашата канцеларија

240

Вашата канцеларија – ваша оаза. Вашето место што го поминувате најголемиот дел од денот. Ако го уредите по желба, исто така, ќе се чувствувате поудобно “како дома“ секој ден кога ќе седнете на канцеларија.

Покрај убавината, растенијата се научно признати за нивните корисни ефекти врз здравјето на луѓето и расположението. Затоа, канцелариските растенија се исклучително важни за подигање на квалитетот на просторот во којшто работиме.

Научните истражувања го потврдуваат фактот дека некои растенија апсорбираат негативно зрачење од електронските уреди со коишто секојдневно сме опкружени и со тоа имаат позитивен ефект врз здравјето на луѓето и продуктивноста. Исто така, растенијата и зелената боја имаат смирувачки ефект врз човечкото расположение, што во голема мера придонесува за позитивна работна атмосфера.

Растенија што значат живот, носат пари, среќа

Секое растение има позитивно влијание врз луѓето, но издвојуваме неколку.
Spathiphyllum, спатифилумот е омиленото растение на НАСА и се издвојува како најдобар прочистувач на воздухот. Покрај тоа што е позната по научно докажано позитивно дејствување, луѓето ја препознаваат и со името “среќа на жените“. Тие велат дека таа носи среќа и љубов на секоја женска личност. (мора да ја има на женско биро).

Crassula spp. е собна билка позната како дрво за пари. Фенг шуи ја класифицира како симбол на пријателство, пари и среќа.

Dracaena sanderiana, како и красулата, е симбол на долговечност, среќа и позитивна енергија. Според Фенг Шуи, среќниот бамбус носи рамнотежа во околината во којашто се наоѓаме.

Ficus  Benjamina е важен за мудро размислување, донесување на правилни одлуки и за намалување на агресијата. Ова растение означува мир и хармонија во заедницата во која се наоѓаме. Луѓето ќе се чувствуваат посигурни во постигнување на својата цел заради енергијата што ја зрачат, додека луѓето со внатрешен немир ќе станат помирни и разумни.

Фото: Pexels