Растот на вработеноста во САД забави во октомври

56

Пазарот на труд во САД во октомври порасна за 12.000 работни места, што е значително помалку од очекувањата, објави Заводот за статистика на трудот. Oва е последното позначително ажурирање на податоците за состојбата на американските економија пред претседателските избори во Америка.

Остварените нови вработувања во октомври се под средната проценка на економистите за 110.000 нови работни места. Овој октомври е најслаб месец за растот на бројот на работните места во САД од декември 2020 година. Стапката на невработеност во САД изнесува 4,1 отсто.

Економистите во Банката на Америка идентификувале неколки можнi причинi за привремено намалување на бројот на вработените во САД, како што се екстремните временски нарушувања и ураганот Милтон, како и штрајкот на работниците во фабриката „Боинг“. Економистите проценуваат дека овие настани е причината за намалување на најмалку 50.000 работни места во САД во минатиот месец, пренесува „Форбс.рс“.