Разгледница од Ципрас, грчка салата или узо за спас на Грција

20

grcka kriza 6

Британецот Том Фини реши да ѝ стави крај на должничката агонија на Грција, користејќи ја глобалната платформа за групно финансирање Indiegogo.

Бидејќи му здодеала целата драма што се случува околу Грција, Том реши да се солидаризира со неговите сограѓани од ЕУ, така што планира да собере 1,6 милијарди евра преку оваа платформа.

На инвеститорите им нуди повеќе можности за тие да ги вложат своите пари. Инвеститор што ќе сака да добие разгледница од грчкиот министер Алексис Ципрас, ќе мора да плати 3 евра. Доколку сака да ѝ помогне на Грција со 6 евра може да порача салата со фета сирење и маслинки. За 10 евра може да се добие шише од традиционалниот пијалак Узо, за 25 евра шише грчко вино. Оние инвеститори кои се подготвени да платат повеќе имаат можност да одвојат 5.000 евра и да добијат одмор за двајца во Грција, а доколку некој сака може да вложи и 1.000.000 евра.

Досега интерес покажале над 45.600 инвеститори кои вложиле околу 771.812 евра.

Според правилата по кои функционира платформата, доколку сумата не биде собрана до крајот на кампањата, вложените пари ќе им бидат вратени на инвеститорите.

Во меѓувреме, Грција не успеа да го исплати својот долг од 1,5 милијарди евра кон Меѓународниот монетарен фонд, чиј краен рок истече.

“Потврдувам дека не ја добивме отплатата од околу 1,5 милијарди евра од страна на Грција. Земјата и официјално должи и може да добие помош од ММФ само доколку ги подмири обврските. Исто така, потврдувам дека ММФ доби барање од грчките власти за продолжување на рокот за исплата на обврските“, вели Гери Рајс, директор за комуникации на ММФ.