Разгледување на потенцијалите за соработка помеѓу Македонија и Шведска на Форумот на Македонија2025 во Стокхолм

18

Web

На 13-ти и 14-ти јуни во Стокхолм ќе се одржи Форум за претставување на можностите за соработка помеѓу Македонија и Шведска. Форумот го организира Македонија2025 во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Стокхолм и Стокхолм бизнис регионот, стои во соопштението.

Овој настан е продолжение на иницијативата на Македонија2025 за поврзување на македонски професионалци и експерти во разни сфери, кои живеат низ Европа, како и промовирање на потенцијалите за инвестиции и соработка во Македонија. Исто така, форумот е продолжение на самитот на Македонија2025 во 2016-та, каде главните дискусии беа во областа на обновливите извори.

Фокусот на настанот во Стокхолм ќе бидат успесите во сферата на одржливиот развој на Стокхолм, технолошките достигнувања што се применуваат во Шведска во тој поглед, успешните примери на македонско – шведска деловна соработка и можностите за деловна соработка и инвестиции. На форумот ќе настапат претставници и експерти од познати компании во Македонија и Шведска како и претставници од институциите на двете земји.

Македонија2025 го потврдува интересот за овој настан, како и учеството на неколку експерти кои имаат активна улога во трансформацијата на Стокхолм во економско – трговски центар на Скандинавија којшто истовремено се води според строго зацртаните граници на еколошка одржливост.

На форумот ќе се обрати Густав Ландал, главно лице на одделот за Планирање на животната средина при Администрацијата за екологија и здравје на градот Стокхолм. Ландал работи на делот на енергетска ефикасност и запазување на климатските параметри со цел заштита на екосистемите и животната средина. Овој човек е одговорен за најголемиот проект на урбаната трансформација во Шведска, која комбинира енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, а неговата улога како говорник на форумот има за цел да пренесе на учесниците од Македонија насоки во политиките за одржлив урбан развој.

Симон Форшау е долгогодишен ИТ консултант со меѓународно искуство во таа сфера. Симон е еден од основачите на шведската компанија Polar Cape Consulting којашто вработува повеќе од 50 луѓе во Стокхолм и Скопје. Наградата Национален првенец на Европските бизнис награди, која ја носи Polar Cape, е заслуга на активна посветеност на Форшау, кои ќе ги претстави потенцијалите за проширување на соработката во неговата сфера помеѓу Македонија и Шведска.

Уште еден од неколкумината шведски претставници на форумот во Стокхолм е Мартин Форсен – инженер кој е специјалист за топлински пумпи кои имаат голема примена во системите за одржлив урбан развој кои функционираат во областа Хамарби во Стокхолм. Господинот Форсен е Раководител за меѓународни односи на групацијата NIBE која изведува првокласни решенија за користење на обновливи извори на енергија низ целиот свет.

Од претставниците на македонскиот бизнис, на форумот ќе се обратат Кочо Анѓушев – извршен директор на Energy Development Corporation, Стив Шарп – извршен директор на Euromax Resources кој го развива рудникот во Иловица, Светозар Серафимовски – извршен директор на шведско -македонската компанија Coordea, Борис Манев – раководител на прашања за животна средина на Епсон Европа, и други, како и претставници на владата на Република Македонија, амбасадорката Александра Наќева – Ружин, ко-основачот на Македонија, Џон Битов помладиот и нејзиниот претседавач Роберт Арсов.

Доколку сте бизнис професионалец од Македонија или од странство, кој сака да ја прошири својата бизнис мрежа, да создаде нови можности за бизнис, да научи повеќе за еко – индустриите и за Шведска ( Која е прва земја во светот по одржлив раст и развој) , тогаш топло ви го препорачуваме овој настан. Форумот е бесплатен, а капацитетот на локацијата е со ограничен број на места, така што регистрацијата за настанот ќе се спроведе на “first come first served” основа. За да се регистрирате ве молиме кликнете ТУКА. За да ја разгледате агендата ве молиме кликнете ТУКА.