Разработен планот за активностите на Сахара Груп во Џумајлија

24

dimovski sostanokМинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски вчера одржа работен состанок со работната група за реализација на инвестицијата на Сахара Груп во Македонија за агрокомбинатот Џумајлија.

На состанокот детално е разработен планот на идните активности што треба да се преземат од страна на Сахара Груп согласно договорот за инвестирање и дефинирани се деталите на инстиуционалната поддршка за нивно спроведување, соопшти МЗШВ.

Пред министерот Димовски беа презентирани информациите од почнатите теренски активности на Сахара Груп и овластената геодетска компанија во насока на воведување во владение на земјоделското земјиште.

Во текот на неделава е планирана и работна средба на експертско ниво во Агенцијата за храна и ветерина на која ќе се дефинираат чекорите во делот на обезбедување услови за заштита на здравјето на животните и безбедноста на храната насочени пред се кон увозот и одгледувањето на говедата.

На состанокот, освен претставници од Сахара Груп и експертот за земјоделско производство од Холандија Јан Петер Девреиз, ангажиран од Сахара Груп, присуствуваа и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо, директорот и заменик директорот на Агенцијата за храна и ветеринараство Дејан Рунтевски и Абдулезел Догани, директорот на Институтот за анимална биотехнологија при ФЗНХ, проф.д-р Драгослав Коцевски, професорот од Факултетот за ветеринараство д-р Дејан Јанкуловски.