Разрешен првиот човек на Boeing

31
Американскиот производител на авиони Boeing објави дека извршниот директор, Денис Муиленбург е разрешен од функцијата, пренесува BBC. Овој потег доаѓа неколку дена откако компанијата објави дека во јануари привремено ќе го прекине производството на проблематичниот авион 737 Max.

Компанијата упорно го произведуваше спорниот авион и покрај фактот дека летовите на тие авиони беа прекинати поради две несреќи во кои загинаа повеќе од 300 луѓе.

Муиленбург ќе го замени Лоренс Келнер, а на 13 јануари позицијата ќе ја преземе новиот директор Дејвид Калхун.

Фото:Pexels