Реализација на твининг проектот за зајакнување на спроведувањето на правата од интелектуална сопственост

22

Зајакнување на спроведувањето на правата од интелектуална сопственост е насловот на твининг проектот спроведен од Данската канцеларија за патенти и трговски марки, којшто почнува да се реализира со цел зајакнување на капацитетите на државните институции во обезбедувањето на соодветни услуги во согласност со препораките на Европската унија, пишува Миа.

На отпочнувањето на проектот треба да се обратат министерот за економија Беким Незири, како и шефот на делегацијата на Европската Унија Аиво Орав, како и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули.