Реална стапка на раст на БДП од 2,7% во 2018 година

123

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните субјекти и од други извори, бруто-домашниот производ (БДП) во 2018 година изнесува 658.053.000.000 денари и во однос на 2017 година е номинално зголемен за 6,5%. Реалната стапка на раст на БДП во 2018, во однос на 2017 година, изнесува 2,7%.

Најголемо учество на додадената вредност со 19,6% во структурата на БДП, во 2018 година, имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

Финалната потрошувачка во 2018 година, во однос на 2017 година, номинално расте за 5,3%, а во структурата на БДП учествува со 80,7%.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2018 година изнесува 60,6%.

Вредноста на инвестициите во основни средства во 2018 година изнесува 130.242.000.000 денари.

Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 57,4%, машините и опремата со 34,1%, а останатите инвестиции со 8,5%.

Фото: Pexels