Рециклирање батерии – предизвик и проблем

152

Рециклирањето на батерии е новиот голем предизвик со којшто ќе се соочат автомобилските производители во следните години.

Кои се потенцијалните и критични проблеми од рециклирањето на батериите за електрични и хибридни автомобили? За ова прашање се грижи Erion Energy, компанија посветена на батерии и акумулатори која е дел од непрофитабилниот мултиконзорциумскиот систем Erion, активен во управувањето со отпадок кај електричните производи.

Иницијалната претпоставка е важноста за целиот сектор на обновување, исто така во согласност со европските директиви: “Рециклирањето на батериите ќе биде следниот предизвик за производителите. Закрепнувањето на литиумот, кобалтот, никелот и манганот ќе станат уште постратегиски кога станува збор за зголемената побарувачка за батерии“, истакнуваат од Ерион.

Предвидувањата за претстојните години индицираат дека побарувачката ќе се зголеми 14 пати повеќе отколку во 2018 година. Сето ова ќе резултира со потреба да се рециклираат големи количини на акумулатори.

Според ова, постојат три предизвици кои треба да се надминат: ефикасност на ресурсите, одржливо снабдување на суровини и одговорно рециклирање. Овој проблем најмногу се однесува на производителите на батерии кои, според европската директива 2006/66/EC се одговорни за целиот животен циклус на производот.

Според ова, Европската комисија, како дел од Circular Economy Action планот, претстави предлог за нова регулатива која, заедно со одржување на принципите и одговорностите на производителот, предвидува воведување на задолжителни стандарди за одржливост и безбедност за сите батерии кои се пласираат на европскиот пазар. Една од примарните цели е да се избегне или минимизира користењето на загадувачи со фаворизирањето на користење на рециклирани материјали за производство на нови ќелии.

Поради оваа причина, Erion Energy се структуира за да ги поддржи своите членови вклучени во конкретни сектори како што е електричната мобилност. Целта исто така е креирање на ланец на снабдување конкретно посветен на рециклирање, конкретно на сирови материјали како литиум и кобалт, чии барања до 2030 година можат да израснат до 80 пати споредено со актуелните нивоа. Овие се материјали што можат да се рециклираат, под услов “да се развие национален и европски синџир на снабдување во кружен клуч за рециклирање и повторна употреба на батериите“.

“Предноста од правилното управување со батериите се презервацијата на ресурсите, но исто така и аспектот на превенција. Соодветниот третман овозможува да се избегне емисија на опасни супстанци во животната средина“, вели Данило Бонато, генерален менаџер на Erion Energy.

“Литиумот реагира силно на воздух и вода бидејќи при допир со кислорот генерира токсични продукти и е мошне запаллив и постои ризик за експлозија. Со оглед на ова, есенцијално е да се подготвиме за промените кои ќе ги вклучат сите актери: од индустријата до државите, од истражувањето до професионалците во рециклирачкиот сектор. Само во Европа, 15 гигафабрики се најавени за производство на литиумски акумулатори до 2025 година, тоа е доволно за да се снабдат акумулатори за 6 милиони возила годишно. Предизвикот не е тривијален, бидејќи правилното управување со рециклирање и повторна употреба на батериите – сфатено како можност за давање втор живот на литиумските ќелии според принципите на кружната економија – имаат потреба од високо ниво на индустријализација, а бидејќи денешните системи чинат скапо, само силни инвестиции во полето на технологијата можат да помогнат“, изјави Бонато.

Најголемиот дел од литиумските батерии денес завршуваат во Германија, но сепак се уште е далеку од земји како Кина кои со години инвестираа во циклуси насочени кон максимизирање на рециклирањето на сирови материјали.

Преземено од Avtoplus.mk