Рецикломат – паметна машина што собира и сортира отпад и ги наградува одговорните граѓани

208

Српскиот град Крагуевац доби рецикломат, односно паметна машина за собирање и класирање на отпад од амбалажа. Освен тоа што селектира различни видови на отпад, пластични шишиња, лименки, стаклена амбалажа, ја пресметува и нивната вредност и податоците ги испраќа на персонализирани и неперсонализирани картички за јавен превоз, пишува Екапија.

“Крагуевац е еден од првите градови во регионот што субвенционира еколошки свесни поединци бидејќи ја чуваат животната средина“, вели Андреја Илиќ, извршен директор на секторот услуги во јавното комунално претпријатие Шумадија.

Со поставување на ваква машина, граѓаните активно ќе бидат вклучени во развој и унапредување на комуналните услуги. Бенефит од овој вид на рециклирање ќе имаат не само корисниците на јавниот превоз на територија на градот, туку и корисниците на телекомуникациски услуги.

Фото: Freepik