REDS: Електричен автомобил – канцеларија

82

kola

Фото: Redspace

REDS е прототип на нов кинески електричен автомобил дизајниран од поранешниот дизајнер на BMW,  Крис Бенгл што ќе биде патнички автомобил и канцеларија. Автомобилот ќе го произведува Redspace, кинеска компанија за автомобили формирана од Hi-Tech Group Corporation.

Во автомобилот има седиште што може да се ротира за 180 степени и маса на преклопување. Седиштата може да се преместуваат во кабината, а вратите се лизгачки. Покривот на овој автомобил е соларен панел што помага да се наполни и поддржува безжично полнење.

Автомобилот – канцеларија ќе почне да се вози по кинеските улици за две години, а во иднина ќе се развиваат и планови за возилото да стане автономно, пишува Engadget.