Reebok го менува логото

281

reebok

Познатиот бренд на спортска облека Reebok се одлучи да го смени своето препознатливо лого. Ова е втор пат во 121 година постоење компанијата да го смени својот визуелен идентитет, пишува Advertising Age.

Претходната промена се случи во 1986 година, кога Reebok го замени британското знаме со вкрстени линии. Новото лого сега го има симболот делта.

“Новиот брендмарк ја одразува јасната цел на нашиот бренд. Ние веруваме дека придобивките од активниот спортски живот одат подалеку од физичките бенефиции и влијаат лично врз вас и вашите односи со другите. Тоа е нашиот симбол на промени – покана да го отклучите вашиот вистински потенцијал. Тоа не е лого, тоа е симбол… начин на живот”, вели Мет O’Tул, маркетинг директор на Reebok.

Reebok е во сопственост на германски Adidas.

reeboklogo