Регионален настан за жени претприемачи од Македонија, Косово и Албанија на тема “Пристап до финансии”

64

13432374_1138537859536941_7278247683559996831_n

Во организација на ЦЕЕД Македонија и Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) и во соработка со Здружение на бизнис жени во Македонија, а со финансиска поддршка од ЕБРД и Проектот за регионален економски раст на УСАИД, на 22 јуни 2016 година во Скопје ќе се одржи регионален настан на тема Пристап до финансии, наменет исклучиво за жени претприемачи.

Настанот ќе се одржи во конференциската сала во Јавна Соба, со почеток од 10 часот.

На настанот ќе земат учество и жени претприемачи од Косово и Албанија, како и претставници на релевантни организации, банки и штедилници кои имаат фондови достапни на жените претприемачи (во Македонија, Косово и Албанија), а за време на паузата за ручек ќе се одржи вмрежување на кое присутните ќе можат да се запознаат, да разменат искуства и да остварат деловни контакти.

Ќе се зборува за постоечките фондови, кредитни линии, програми и механизми кои им се на располагање на жените претприемачи од регионот, а на настанот ќе се обратат претставници од ЦЕЕД Македонија, Здружение на бизнис жени во Македонија, ЕБРД, Охридска банка ад Скопје, Прокредит банка ад Скопје, South Central Ventures, Crimson Capital,  Enterprise Expansion Fund (ENEF) на EBRD за МСП-и во Западен Балкан – Ирина Аврамска Пашовска, Виктор Мешков од SPMG, Виктор Красниќи од USAID Empower Credit Support од Косово, Елеонора Згоњанин Петровиќ од Штедилница ФУЛМ, Весна Кузмановска од Штедилница Можности.

Влезот е бесплатен. Бројот на места е ограничен и се резервира врз база на пријава најдоцна до 17 јуни 2016 година. Потврдете го вашето присуство со испраќање имејл до [email protected].