Регионален Pitch Day во Сараево – шанса и за македонските стартапи

46

pitch_day_SarajevoВо првиот сараевски технолошки парк HUB387 во мај ќе се одржи Pitch day настанот, а Сараево, како прв град во регионот ќе биде домаќин на најголемиот европски стартап акцелератор Startupbootcamp од Берлин.

Петнаесет избрани стартапи од регионот ќе имаат можност на 17 мај да се претстават пред тим од реномирани ИТ претприемачи и експерти, на чело со Алекс Фарсет, коосновач и директор на Startupbootcamp.

Сараевскиот Pitch Day за најуспешните стартапи од Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово и Босна и Херцеговина ќе биде влезница во светот на глобалниот бизнис, јавуваат медиумите во БиХ.

Startupbootcamp на селектираните стартапи ќе им понуди тримесечна програма во својот берлински акцелератор, каде што тимовите ќе имаат можност да ги развиваат своите идеи со угледни ментори, со обезбедени ресурси за забрзан развој. По 100 дена работа, производите и идеите ќе и бидат прикажани на пошироката јавност и ќе бидат презентирани пред одбрана група на инвеститори.

Повикот е отворен за целиот регион. HUB387 ги повикува поединците и тимовите кои сакаат да ја развијат својата идеја, да се пријават за овој Pitch Day на следниот линк.