Регионален состанок за статусот на водите во Охридското езеро

39

Претставници на Хидробиолошкиот завод во Охрид и на министерството за животна средина на Македонија, Албанија и на Црна Гора во Тирана разговараат за заштита на биодиверзитетот на езерата во Дримскиот басен.
На средбата што се одржува со поддршка на Гермаското друштво за соработка, се презентираат последните наоди од заедничките анализа на флората и фауната на Охридското езеро и новоусвоената легислатива до Рамковната директива на ЕУ.
Како што појасни претставникот од Македонија, Дејан Пановски на состанокот се истакнати предизвиците кои се исправени пред напорите за одржување на статусот на водите на езерото, како што се ситуациите со притоките Сатеска и Грашница, како и состојбата со колекторскиот систем за заштита на езерото и статусот на водните живеалишта.
“Признале или не, ние сме директно врзани со состојбата на езерото. Статусот на водите пред се во Охридското езеро ќе ја одреди иднината на градот и регионот. Ако ја сочуваме состојбата барем на сегашно ниво и градот и регионот ќе може да планира иднина и развој. Доколку се наруши статусот на водите, ќе опадне и интересот за Охрид, ќе заврши убавата приказна што дополнително негативно ќе влијае и врз економската состојба и врз емигрирањето од градот и регионот”, изјави Пановски.
Се очекува од проектот што се однесува на трите езера од Димскиот басен – Охридското, Преспанското и Скадарското, во финалниот извештај да ги дефинира состојбите и статусот на водите и биодиверзитетот, да се изврши иницијалната категоризација на езерата и да ги трасира насоките за идните одлуки што ќе ја детерминираат иднината на регионот.