Регионална конференција за младинско претприемништво во земјите од Западен Балкан

44

Во организација на Британскиот совет денеска во Скопје се одржува регионална конференција за младинско претприемништво во земјите од Западен Балкан, пишува Миа.

Претставници од Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора на заедничка маса ќе расправаат за прашања поврзани со младинското претприемништво и за можностите за регионална соработка на ова поле. Поканети се 50 учесници од регионот, вклучувајќи креатори на политиките и носители на одлуки, претставници на деловниот сектор, како и млади и креативни претприемачи.

Говорници од Велика Британија и од петте земји од регионот ќе дискутираат на темата “Поттикнување на младинското претприемништво низ четири тематски области: претприемништво во образовните реформи, владини политики и мерки, гледиштата на деловните инкубатори и улогата на младинските мрежи и организации.

Како што е најавено, конференцијата треба да ја отворат министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Едмунд Гарет и регионален директор за образование во Британски совет Хелен Силвестер.

Конференцијата се спроведува како дел од проектот Поттикнување на младинското претприемништво во регионот на Западен Балкан и е  поддржан од Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство и Северна Ирска и ги опфаќа петте земји од регионот: Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора.