Регулаторна предлага намалување на цената на парното од 1 август

59

parnoРегулаторната комисија за енергетика предлага цената за топлинска енергија од 1 август годинава да се намали за 2,82% за корисниците на Балкан енерџи груп, 2,12% Скопје Север и за 0,71% за корисници што се греат преку ЕЛЕМ – Енергетика.

Цената, како што истакна претседателот на РКЕ Димитар Петров на денешната прес-конференција, се однесува за симулација за стан со 60 метри квадратни површина со инсталирана моќ од 7,5 киловати и просечна годишна потрошувачка од 9.000 киловат-часови топлинска енергија, јавува Миа.

Цената согласно најновите измени на Законот за енергетика ќе важи до 1 август 2014 година, а компаниите ќе можат да побараат нејзино зголемување само доколку им се зголемат трошоците за работа за повеќе од 5%.

Конечната одлука за цената РКЕ треба да ја донесе до крајот на месецов, а како што истакна Петров на денешната подготвителна седница, производителите, снабдувачите и дистрибутерите со топлинска енергија немале некои поголеми забелешки на предлогот.