Реклама што се гледа само кога ќе се осветли од задната страна

27

reklama

Пиварот SABMiller го позиционира пивото Abraxas како “пијалок за избраните” затоа што се прави двапати годишно. Во соработка со агенцијата Wunderman Phantasia, направија печатена реклама која излезе во перуанскиот магазин Lima. Страната на која се наоѓа рекламата е потполна црна, а за да се види скриената порака, треба со мобилниот телефон да се осветли од задната страна.