Брендот гумени бонбони SmartyPants Vitamins се одлучи за рекламен спот да ја ангажира 14 годишната Лили Волш, една од штитениците на продукциската куќа Adolescent која застапува млади режисери на реклами и спотови. Резултатот е едноминутна реклама што позитивно ги изненади сите вклучени во проектот.
Рекламата е наменета за прикажување само на интернет.