На покривот на такси возилата во Лондон се поставени реклами за сладолед кои се видливи само кога е топло. Агенцијата BrightMove Media осмисли кампања со фотосензитивни плакати за сладоледот Магнум на Unilever. Плакатот чувствителен на топлина е видлив само кога лондонскиот воздух ќе се загрее над 19 степени.
Оваа кампања ја чини компанијата два милиони фунти и почнувајќи од овој месец, ќе трае три месеци.