Рекламата на BMW за ЗОИ со гласот на Артур Кларк

45

bmw

BMW за реклама за i серијата на електрични автомобили што ја подготви за отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи, искористи снимка со гласот на Артур Кларк.

“Обидувањето да се предвиди иднината е обесхрабрувачка и опасна професија. Единствено нешто во што можеме да бидеме сигурни за иднината е дека ќе биде апсолутно фантастична.  Затоа, ако тоа што го кажувам сега е потполно разумно, тогаш целосно не сум успеал. Само ако тоа што го кажувам звучи неверојатно, имаме шанса да ја визуелизираме иднината”, вели Кларк во аудио-снимка од 1964 година.