Во 2022 година во Словенија се основани 21.833 нови компании, што е за околу девет отсто повеќе од претходната година. Ова е најголемиот број на нови компании од 2004 година, откако Централното биро за статистика ги следи податоците. Нивниот број е зголемен во повеќето дејности, особено во угостителството и другите услужни сектори, пишува SEEbiz.
Нешто помалку од 83 отсто од новите компании се создадени во услужни дејности, најголем дел во стручни, научни и технички области.
По бројот на нови компании во 2022 година следат угостителството (11,4 отсто), и трговијата, одржувањето и поправката на моторни возила (8,2 отсто). 10,6 отсто од фирмите се создадени во градежништвото, а 6,8 отсто во индустријата, објави Државниот завод за статистика.
Во новосоздадените фирми работеле 23.345 работници и самовработени, што е за 10,8 отсто повеќе од претходната година.
Од новооснованите компании во 2021 година работеле 87,4 отсто, а од компаниите основани во 2017 година околу половина (49,9 отсто) работеле и по пет години.
Новооснованите компании кои опстанаа вработија повеќе луѓе отколку во првата година од работењето. Бројот на вработени и самовработени е зголемен за 21,3 отсто, а по пет години работа за 73,2 отсто.
Според привремените податоци на статистичарите, во 2022 година престанале да работат 12.366 компании во кои биле вработени 12.606 лица. Речиси половина од тие фирми (45,6 отсто) се однесуваат на стручни, научни и технички дејности, угостителство и трговија, одржување и поправка на моторни возила.
Според Заводот за статистика, во просек се губи по едно работно место по компанија што престанала со работа.