Рекорден извоз на оружје од Германија во Турција годинава

Досега оваа година, германската влада одобри извоз на оружје во Турција во вредност од 230,8 милиони евра за наменската индустрија – највисок од 2006 година.

Меѓу тие извозни дозволи имало и таканареченото воено оружје во вредност од 79,7 милиони евра и друга воена опрема по цена од 151,1 милиони евра. Податоците ги соопшти Министерството за економија на барање на пратеничката Сара Вагенкнехт (БСВ) Севим Дагделен, пишува ДПА.

Испораките на оружје за Турција се предмет на критики поради состојбата со човековите права во таа земја, но и поради меѓународните акции на владата во Анкара.

По влегувањето на турските војници во Сирија во 2016 година, одобренијата за извоз значително се намалија и во последниве години се движеа околу ниски двоцифрени бројки или дури и едноцифрени износи во милиони евра.

Новите податоци ја одразуваат промената на курсот во последните месеци. Веќе на крајот на септември, министерството објави дека повторно се одобрени испораки на торпеда, наведувани ракети и делови за подморници во поголеми количини.

Канцеларот Олаф Шолц ги бранеше овие аранжмани набргу потоа, за време на посетата на Истанбул.

„Турција е членка на НАТО и затоа повремено донесуваме одлуки за конкретни испораки. Тоа е, се разбира, самообјаснувачки“, рече тој по разговорот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Шолц дури се покажа отворен за испорака на борбени авиони Еурофајтер, во чие производство учествува и Германија, пренесе Бизнис.рс.

Тој изјави дека за ова се разговара меѓу Велика Британија и Турција. Според него, тоа е „нешто што е иницирано од таа страна“.

Фото: Pixabay