Рекорден промет низ Панамскиот канал, прв пат надминати 500 милиони тони

59

Во 12-месечниот период заклучно со септември, низ Панамскиот канал поминале 516,7 милиони тони стока, изјави директорот на агенцијата за управување со канали Рикаурте Васкез, 8,7 отсто повеќе во однос на претходната фискална година.

„Тоа беше исклучителна година“, рече Васкез, истакнувајќи дека каналот за прв пат ја надминал бројката од 500 милиони тони.

Околу 3,5 отсто од светската поморска трговија, во која доминираат житариците и нафтените деривати, поминала низ каналот долг 80 километри што ги поврзува Атлантскиот и Тихиот Океан во 12-те месеци до крајот на септември. Васкез објасни дека рекордот се должи на поголемите бродови кои превезуваат повеќе контејнери и наглото зголемување на обемот на транспорт на течен природен гас (LNG) во Азија.

Фискалната 2022 година, која започна овој месец, треба да постави нов рекорд, додаде тој, оценувајќи дека до крајот на септември следната година низ каналот треба да поминат околу 535 милиони тони стока.