Рекорден раст на кинескиот увоз во мај

22

Вредноста на кинескиот увоз скокна со највисока стапка во последните 10 години во мај поради зголемувањето на цените на суровините и другите стоки, додека извозот ги изневери очекувањата поради нарушување на испораката предизвикано од избувнувањето на Kовид-19 во главните пристаништа на југот од земјата.

Извозот во долари се зголеми за 27,9% на годишно ниво во мај, забавувајќи во однос на растот во април од 32,3 %, пренесува Ројтерс.

Кинескиот надворешно-трговски суфицит во мај изнесуваше 45,53 милијарди долари, наспроти суфицитот од 42,86 милијарди долари во април.

Кинеските извозници се соочуваат со проблеми поради зголемувањето на цените на суровините и транспортот, тесните грла во логистиката и зајакнувањето на јуанот, што ја намалува нивната трговска конкурентност, според британската агенција.

Фото: Pexels