Рекордна добивка за компанијата што произведува медицински ракавици

154

Водечкиот производител на медицински ракавици во светот, Top Glove објави рекордна добивка во второто фискално тримесечје благодарение на силната побарувачка за заштитна опрема во услови на пандемија.

Во тримесечјето, заклучно февруари, нето добивката е скоро 25 пати одошто во истиот период минатата година, достигнувајќи 695,93 милиони долари, објави малезиската компанија во својот финансиски извештај.

Приходите на компанијата се зголемени за четири пати. Од компанијата сметаат дека резултатите се поради зголемената побарувачка во услови на пандемија, зголемена ефикасност на производството и повисоки просечни цени

Добивката во првата половина од тековната финансиска година, што завршува во август, ја надмина добивката на компанијата во изминатите 20 години.

Се проценува дека глобалната побарувачка за ракавици по пандемијата најверојатно ќе расте околу 15% годишно, во споредба со 10% годишно пред почетокот на пандемијата.

Фото: Pexels