Рекордна загуба на Швајцарската национална банка

95

Во 2022 година, Швајцарската национална банка (SNB) ја направи најголемата загуба во историјата – дури 143 милијарди долари (132 милијарди швајцарски франци).

Ова исто така значи дека централната банка нема да уплаќа средства во швајцарскиот буџет, што е втор пат од 1906 година кога е основана.

Речиси целата загуба доаѓа од падот на вредноста на девизните резерви, како резултат на намалувањето на вредноста на девизните валути, пренесува Bloomberg.

Во текот на минатата година, девизните резерви на SNB се намалија за 17 отсто, од 945 милијарди на 784 милијарди франци.

Од друга страна, SNB од поскапувањето на златото заработи околу 400 милиони франци, додека од загубата на вредноста на имотот во франци загуби околу една милијарда франци.

Не само што државата нема да добива приходи во буџетот, туку дивиденда нема да добијат ниту акционерите на швајцарската народна банка. За разлика од другите централни банки, таа во Швајцарија е акционерско друштво чии акции се тргуваат на берзата. Околу половина од акциите се во сопственост на државни институции, додека останатите се во рацете на фирми и физички лица.