Рекордни 6,5 милиони долари за 30 секунди рекламирање на Super Bowl

56

Рекламен простор од 30 секунди за време на финалето на популарниот Super Bowl, е откупен за рекордни 6,5 милиони долари, соопшти американската телевизиска мрежа NBC.

Шефот на маркетинг на NBC, Ден Ловингер, изјави дека рекламното покривање на 52 Super Bowl, што ќе се одржи на 13 февруари идната година, е речиси распродаден, а преостанатите неколку термини се чуваат за “посебни клиенти“.

Во текот на 50-то издание на Super Bowl, за 30 секунди рекламирање беа платени 5,5 милиони долари, што беше незначителен пад во однос на една година претходно кога беше потребно да се издвојат 5,6 милиони долари.