Рекордни нарачки: Најпродаваниот летечки автомобил во историјата (видео)

36

Електричниот летечки автомобил Alef Model A со две седишта развиен од американската компанија Alef Aeronautics достигна 2.850 пред-нарачки.

Развојната компанија со седиште во Сан Матео, Калифорнија, планира да им наплати на клиентите 300.000 долари за Model A, за да може да заработи повеќе од 850 милиони долари со 2.850 нарачки однапред.

Клиентите можат да го нарачаат летечкиот модел А преку Интернет, со депозит од 150 долари што можат да го повлечат во секое време, пишува CBNC.

„Имаме нешто повеќе од 2.850 нарачки однапред, што го прави Model A најпродаваното летечко возило во историјата, надминувајќи ја комбинираната продажба на Boeing, Airbus, Joby Aviation и повеќето eVTOL“, рече извршниот директор на Aleph, Џим Дуковни.

Alef Aeronautics е една од неколкуте развојни фирми кои се обидуваат да го направат летечкиот автомобил реалност.

Фото: facebook