Рекордни резултати за земјоделската преработувачка индустрија во 2015 година

14

Земјоделската преработувачка индустрија ја заврши 2015 година со рекордно висок резултат во однос на производството, најголем во последните 20 години, оцени Македонската асоцијација на преработувачи (МАП), пишува Миа.

Како што изјави извршниот секретар на МАП, Сашо Ристески, конкретни, официјални бројки за извозот сè уште нема, но се очекуваат кон крајот на февруари, кога ќе има и повеќе детали за состојбите во секторот минатата година.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство годишно од Програмата за рурален развој одвојува околу 500.000 евра за претставување на конзервната индустрија на саеми во Европа, Русија и Кина.

“Бројот на договори расте, но сè уште тој систем не е идеално поставен. Неопходна е подобра соработка со земјоделците, подобра координација со институциите, можности за подобрување на условите на примарните производители да произведат повеќе, поуспешно и поквалитетно, а на крајот за тоа да има бенефит не само производителот, туку и индустријата и државата во целост“, рече Ристески.