
Поради извршување на активности за релокација на експозитурата на Шпаркасе Банка Македонија во Тетово, банката ги известува корисниците дека експозитурата на ден 23.02.2018 (петок) ќе работи со клиенти до 12:00 часот, додека на ден 24.02.2018 (сабота) експозитурата нема да работи.
Од 26.02.2018 (понеделник) почнувајќи од 10:00 часот, услугите на експозитурата на Шпаркасе Банка Македонија во Тетово ќе можат да се користат на новата локација на ул. Илинденска бр.1/1, Тетово. Изменетиот режим на работно време е прилагоден според периодот на извршување на активностите за релокација, по што експозитурата ќе продолжи да функционира со редовно работно време.
Во меѓувреме, стојат на располагање алтернативните канали за извршување на секојдневните трансакции и услуги, како што се банкомат, мобилно и електронско банкарство.