Renault, Nissan и Mitsubishi ќе го вклучат оперативниот систем на Google во своите возила

20

Google склучи партнерство со Renault, Nissan и Mitsubishi, според кое технолошкиот гигант ќе го обезбеди својот Android оперативен систем за трите производители на автомобили, пишува CNN.

Имено трите компании од 2021 година, во своите автомобили ќе инсталираат Google Maps, Google Play Store и Google Assistant.

Производите на Google ќе бидат ставени во возилата каде што добар дел од корисниците го поминуваат своето време од денот, правејќи повици, користејќи разни медиуми и праќајќи пораки. Возачите исто така ќе можат да ги користат истите апликации и алатки што ги имаат на своите паметни телефони.

Google веќе има вложено повеќе од една милијарда долари во Waymo, подружнцата на својата матичната компанија Alphabet, чијашто дејност е развивање на самоуправувачки системи за автомобили.