Францускиот бренд Evian креираше диспензер за вода од рециклирана пластика, што ја менува формата како што се намалува количината на вода во него.
Машината е наречена Renew, може да се користи било каде, а собира пет литри минерална вода, пишува Dezeen.
Тенката “кожа“ од диспензерот е направена од 66% помалку пластика отколку стандардното Evian шише од 1,5 литри. Компанијата, којашто е во сопственост на корпорацијата Danone, се обврза со 2025 година да премине целосно на рециклирана пластика за изработка на шишињата.
Renew доаѓа заедно со мобилна апликација што ги известува кориснициите кога е време за дополнување на диспензерот и ја мери количината на вода што се испила во текот на денот. Машината, од следниот месец, ќе се тестира во Париз и Лондон на однапред 200 селектирани клиенти.
Фото: Renew