Рент а кар гигант нарача дури 100.000 возила од Тесла – тоа е сега е мејнстрим

120

Американската компанија за изнајмување автомобили (rent a car) Херц, во понеделникот објави дека нарачала 100.000 возила од производителот на автомобили Тесла кои требада бидат испорачани до крајот на следната година.
Клиентите на Херц кои ќе изнајмат Тесла Модел 3 ќе имаат пристап до 3.000 станици за полнење на Тесла низ САД и Европа.

 

Почетната цена на најевтиниот Тесла седан модел 3 е околу 44.000 долари, што значи дека ова е најголемата нарачка на Тесла, со оглед на тоа што неговата вредност достигнува околу 4,4 милијарди долари.

„Електричните возила сега се мејнстрим и само што почнавме да забележуваме растечка глобална побарувачка и интерес“, рече привремениот извршен директор Херц, Марк Филдс.