Рентлио ги вмрежува малите сместувачки капацитети и туристите во Хрватска

22

rentlio

Рентлио претставува хрватски онлајн систем со чија помош се олеснува со помалите туристички објекти во земјата, пишува Пословни дневник.

“Рентлио е веб апликација којашто на сопствениците на апартмани, соби, вили и мали хотели им го елиминира стресот и администрацијата… Фокусирајте се на продажбата, услугите и планирањето. Фокусирајте се на гостите“, стои на официјалната страница на Рентлио.

Рентлио нуди унифициран календар, управување, ажурирање на каналите на продажба, изработка на сметки, статистика и комуникација со гостите на едно место. На календарот може да се означи бројот на денови за резервирање во одреден сместувачки капацитет и календарот сам ги процесира информациите.

Корисникот има задача да впише колку луѓе се сместуваат и деталите околу гостите, коишто апликацијата сама ги препознава доколку веќе престојувале во тој сместувачки капацитет.

“Нашиот систем е поинаков од оние коишто иницијално се изработени за големите хотелски групации, па потоа се прилагодувани за потребите на помалите, семејни објекти, туку спротивно. Ние решаваме и некои локални специфики како што е можноста туристите да се пријават на eVisitor – нов систем на хрватската туристичка агенција директно од Рентлио, можност за фискализација на сметките и слично“, вели Марко Мишулиќ, кој заедно со својот тим стои зад Рентлио.

Планот на овој туристички старт – ап е до крајот на оваа сезона да имаат над 2.000 сместувачки капацитети со коишто се управува пред Рентлио.