Reon Pocket – мини клима уред од Sony што може да се носи во џеб

18

Sony претстави преносен клима уред којшто може да се носи во џеб. Reon Pocket е  Bluetooth уред со големина на смартфон којшто користи систем на термоелектрично ладење. Се носи во специјален џеб од кошула, сместен веднаш под вратот, а поврзан е со мобилна апликација.

Од Sony велат дека уредот може да се користи и за греење во зимските денови. Во лето го лади телото за 13 степени Целзиусови, а зиме може да го загрее за осум степени, пишува Gizmodo.

Reon Pocket функционира со iOS и Android, а неговата батерија трае цел ден. Се полни за два часа и корист USB-C влез. Тежи само 85 грама и доаѓа во две варијанти Reon Pocket Standard и Reon Pocket Lite којашто е поевтина, но функционира само преку рачно управување.

Зесега производот е достапен само во Јапонија и е дел од кампања за групно финансирање.