Реорганизација на работењето: Мета најавува отпуштање на илјадници работници

64

Американскиот технолошки гигант Мета планира да отпушти илјадници работници како дел од реформата на организациската структура, пишува американскиот дневен весник Вашингтон пост.
Весникот наведува дека Мета, која ги поседува платформите Фејсбук и Инстаграм, се подготвува за реорганизација и намалување на големината на компанијата, што може да влијае на илјадници работници.

– Компанијата планира да постави и дел од своите менаџери на пониски позиции за да се поправи организациската хиерархија. Се очекува некои работници на кои ќе им се сменат функциите да поднесат отказ, со што дополнително ќе се намали работната сила – пишува весникот.

Намалувањето на проектите и поделбата на трудот ширум светот ќе се случи во следните неколку месеци и нема да се случи одеднаш, според весникот.

Во ноември минатата година, извршниот директор на Meta, Марк Закерберг, објави отпуштање на повеќе од 11.000 работници.