
Фармацевтската компанија „Реплек“ АД Скопје, преку Македонската берза, информираше за нова промена кај акционерите со значителни удели во компанијата.
Согласно Глава 6 од Правилата за котација, од компанијата известија дека акционерот Владимир Пецовски, кој веќе поседува над 5 % од капиталот, го зголемил својот акционерски удел.
Акционерот се стекна со 1 (една) нова акција. По оваа трансакција, тој поседува вкупно 16.571 акција. Уделот на Владимир Пецовски во вкупниот број акции на „Реплек“ АД Скопје сега изнесува 6,39 %.












