Реплек ќе исплаќа дивиденда од акумулираната добивка

21

replek

Реплек донесе предлог одлука за распределба на добивката по Годишната сметка за 2016 година.

“Со оваа одлука се утврдува распределбата на дел од акумулираната добивка од минати години на Реплек според Годишната сметка за 2016 година за исплата на дивиденда во нето износ од 50 евра по акција, односно 3.074 денари“, стои во предлог одлуката објавена на Македонска берза.

Добивката од тековната година ќе се распредели во акумулирана добивка.

Последен ден на тргувани акции со право на исплата на дивиденда се утврдува на 10.04.2017 година, односно за прв ден на истргувани акции без право на дивиденда се утврдува 11.04.2017 година. Правото на акционерите за исплата на дивиденда ќе се утврди со пресек на евиденцијата во акционерската книга на ден 13.04.2017 година.