Респиратор “made in“ Србија

150

Институтот Михајло Пупин и тим на лица од компанијата Smart research од Србија го произведоа првиот српски респиратор.

Првиот српски респиратор е направен во рекорден рок, за месец дена, а проектот го поддржа српскиот Фонд за иновации преку јавен повик.

Инженерот од Институтот, Владимир Нешиќ вели дека станува збор за најсовремен уред и дека земјата има доволно експерти, знаење и волја да може да покрене нова гранка во производството – производство на медицинска опрема.

Нешиќ вели дека овој производ Србија би можела да го пласира на пазарот во регионот, но и во региони во Азија и Африка, пренесува РТС.

Фото: YouTube Printscreen