Ресторан во Прага нуди десерт во облик на коронавирусот

38

Ресторан во центарот на Прага на своите гости им нуди десерт во облик на новиот коронавирус, којшто веќе стана хит, пишува Ројтерс.

Ресторанот Black Madonna бил место во коешто доаѓале огромен број гости и туристи, но поради пандемијата се намали нивниот број.

Олга Будник, која е задолжена за десерти, идејата ја добила за време на карантинот.

“Најдов фотографија од вирусот на интернет и размислив како да го направам десертот“, вели Будник за Ројтерс.

Инаку, десертот е во облик на тениско топче, одозгора е прелиен со чоколадо, а “шилците“ од вирусот се направени од бело чоколадо со сушени малини. Во внатрешноста на десертот има крема од фстаци со пире од малини и цела малина во средината.

Актуелниот десерт разбуди голем интерес, па дневно се продаваат и над 100 парчиња.

Фото: Freepik