Restrict – нова алатка од Instagram во борба против онлајн навредувањето

30

Социјалната мрежа Instagram има нова алатка којашто има за цел да помогне во борбата против онлајн навредувањето.

За разлика од претходните слични алатки, Restrict овозможува корисникот да го избрише навредливиот коментар, без тоа да го види навредувачот.

За секој друг лошите зборови ќе бидат невидливи, освен за тој што ги постирал. На овој начин според компанијата, се спречува понатамошно влошување на ситуацијата, за разлика од тоа кога “онлајн силеџијата“ би бил блокиран.

Личностите, на кои ќе им се назначи опцијата Restrict, исто така, нема да можат да видат кога корисникот е активен на Instagram и дали ги прочитал нивните пораки.

Доколку во иднина повторно корисникот сака да има контакт со таа личност може да одбере опција Unrestrict, а пораките ќе одат директно во инбокс.

Фото: Instagram