Revlon поднесе барање за стечај

61

Козметичката компанија Ревлон поднесе барање за стечајна заштита во согласност со поглавјето 11 од Законот за стечај на САД, бидејќи не може да се справи со големиот долг поради прекин на синџирот на снабдување и висока инфлација.

Козметичкиот гигант, во сопственост на милијардерот Рон Перелман, поднесе барање за заштита од банкрот во јужниот округ во Њујорк и пријави имот во вкупна вредност од 2,3 милијарди долари до крајот на април, пишува Блумберг.

Од друга страна, вкупниот пријавен долг на компанијата е 3,7 милијарди американски долари и ги вклучува нејзините 6,25 отсто високи обврзници кои доспеваат во 2024 година, според судските записи.

Аплицирањето за заштита и овозможува на компанијата да продолжи со бизнисот додека работи на планот за отплата на долгот за доверителите. Стечајот го означува крајот на турбулентниот период за Revlon, кој претрпе негативно влијание за време на пандемијата и забележа повеќегодишен пад на продажбата, бидејќи вкусовите на потрошувачите се променија и новите брендови го еродираа нејзиниот удел на пазарот.

90-годишната компанија почна да продава лакови за нокти во екот на Големата депресија, а подоцна додаде кармини и други козметички производи во своето портфолио на производи. Овој бренд стана меѓународен во 1955 година.

Холдинг компанијата на MacAndrews & Forbes  ја презеде контролата врз Ревлон во 1985 година, со отплата на долгот направен од претходниот сопственик Мајкл Милкен.

Покрај доларската обврзница, Ревлон има 10 неподмирени заеми од околу 2,6 милијарди долари кои доспеваат во следните три години, според податоците собрани од Блумберг.