Револуционерните модели на Philips Android 4K телевизори достапни и во Македонија

30

IMG_2421 (2)

Најновиот одек на технологијата од лабораторијата на Philips, ултра тенките телевизори Philips Android 4K, од вчера, 7-ми ноември, можат да се набават на 24 рати, без камата, како резултат на заедничката соработка меѓу Техномаркет и Стопанска Банка. Станува збор за исклучително поволна безкаматна кредитна можност, која е овозможена единствено преку Стопанска банка Скопје, која и официјално беше промовирана во е-банк продавницата на банката.

“Задоволството на нашите клиенти од секогаш било приоритет во нашето работење. Токму затоа отсекогаш сме настојувале да креираме банкарски производи кои ги задоволуваат нивните потреби. И овој пат нудиме единствена можност, да се дојде до телевизор од соништата на 24 рати без камата. На сите кои ќе се решат да ја искористат оваа можност им посакуваме исклучително искуство и доживување гледајќи ги своите омилени програми во едно поинакво светло”, изјави Стефан Пеповски од Стопанска банка.

Карактеристиките и перформансите на револуционерните Android модели на Philips телевизорите, 49PUS7809 и 55PUS7809, беа свечено презентирани во присуство на многу клиенти на Стопанска Банка и Техномаркет. Стручни лица од претставништвото на компанијата Philips од Македонија и обучени тренери од Техномаркет говореа за можностите и предностите на Philips Android ултра тенките 4К телевизори.

“Континуирано ги следиме најсовремените технолошки иновации и ги пласираме во нашите продажни салони, со цел да можеме да ги задоволиме потребите и барањата на македонскиот потрошувач за последните и современи решенија од областа на модерната технологија. Можноста што ја нудиме во соработка со Стопанска банка е навистина големо олеснување и единствена шанса да се набави еден од Philips Android 4K телевизорите”, изјави Марија Ристовска, маркетинг менаџер во Техномаркет.

Новиот модел на Philips телевизорот ќе остане во i-bank store филијалата на СБ во центарот на градот (платото на кејот пред мостот ОКО) до 15 ноември 2014 година.