Revolut направи виртуелни картички за една употреба

33

app_card

Фото: Revolut

Дигиталната банка Revolut ќе им овозможи на своите корисници да плаќаат онлајн со виртуелни картички за една употреба, со цел да спречи измами, пренесува Standard UK.

Корисниците на Revolut ќе можат да ги креираат картичките, а деталите ќе бидат уништени и автоматски ќе се регенерираат за неколку секунди по секоја трансакција. До виртуелната картичка ќе може да се пристапи преку апликацијата на Revolut.

Компанијата со седиште во Лондон соопшти дека технологијата ќе додаде дополнителен “слој“ на сигурност за онлајн трансакциите и ќе ги заштити корисниците од измамите со користење картички на интернет.