ReWalk – роботски егзоскелет овозможува луѓе со инвалидитет повторно да одат

34

rewalk-exoskelet-6_0

Фото:  ReWalk

ReWalk е роботски егзоскелет којшто се носи на телото и им помага на луѓето што не можат да одат повторо да застанат на нозе.

Тој овозможува движење на колковите и колената и е голема надеж за луѓето со повреден `рбетен столб. Освен можноста повторно да одат, ReWalk придонесува и за качување и симнување по скали. Ги контролира движењата на корисниците преку мала промена во центарот на нивната гравитација.

ReWalk е наменет за луѓе со висина од 160 до 190 сантиметри и со максимална тежина од 100 килограми, но може и да се прилагоди според индивидуалната потреба на пациентите. Со неговата помош, луѓето со повреден `рбетен столб можат да се движат постигнувајќи максимална брзина од 2,5 километри на час.

Егзоскелетот работи на батерии коишто траат со осум часа.