Резервациите на Airbnb достигнаа рекордно високо ниво

72

Летните патувања се во полн ек во првото нормално лето во однос на пандемиските мерки. Побарувачката за сместување исто така значително порасна. Речиси 104 милиони ноќевања беа резервирани на платформата Airbnb помеѓу април и јуни, што е рекорд за веб-страницата за сместување.

Долгорочниот престој и понатаму е најмногу баран, веројатно поради порастот на работата од далечина. Но, меѓународните патување закрепнаа.

Севкупно, резервациите во периодот април-јуни се зголемија за 25% од минатата година на 103,7 милиони и 24% повеќе од 2019 година. Повисоките цени помогнаа да се зголемат приходите на компанијата, кои скокнаа за 58% од минатата година на 2,1 милијарди долари.

Речиси половина од резервациите на компанијата се за една недела или повеќе.

Побарувачката за патувања останува најсилна во Северна Америка, каде резервациите се зголемени за 37% во споредба со 2019 година. Компанијата, која во мај објави дека се повлекува од Кина, рече дека побарувачката останува под нивото пред пандемијата во регионот Азија и Пацификот, поради ограничувања кои ги задржуваат кинеските туристи. И покрај нивното отстранување во Кина во јули, Airbnb сè уште има над 6 милиони активни огласи на платформата.

Компанијата објави дека сега е во средината на својата најсилна летна сезона на патувања досега и ги увери инвеститорите дека е добро подготвена за сè што може да ја погоди економијата. Всушност, забавувањето може да ѝ помогне на компанијата, изјавија директорите.

„Airbnb е основана за време на рецесијата“, рече извршниот директор Брајан Чески на конференциска врска со аналитичарите. Во случај на ново забавување, „мислиме дека многу луѓе би можеле повторно да се свртат кон услугите за хостирање, така што тоа е голема можност за нас“.